Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дел од Скопје и околината денеска без струја: Проверете дали сте на списокот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Скопје
evn-ptici-struen1

Дел од корисниците во Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

— реклама —

Во општина Петровец, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите на улицата Петровец, на потегот спроти трафостаницата „Ражаничино 4“, поради замена на два столба.

— реклама —

Во скопската општина Аеродром, прекин од 08:30 до 15:00 часот е најавен за дел од улицата „Коста Новаковиќ“, од маркетот „ЗУР“ до крајот на слепата улица.

Во Сингелиќ, од 08:30 до 13:30 часот без напојување ќе бидат дел од улицата „Методија Андонов Ченто“ и објектите на „Делта Пром“, поради активности во трафостаниците „Сингелиќ 26“ и „Делта Пром“.

— реклама —

Во општина Центар, од 09:00 до 14:00 часот прекин ќе има за дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ бр. 46. Во истиот период, од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде и делот од Пакошево кон Зелениково, поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа.

— реклама —

Дополнително, во Центар од 11:00 до 12:00 часот прекин е најавен за корисниците на улицата „Френклин Рузвелт“ бр. 50, 52, 62 и 68, дел од улицата „Орце Николов“ бр. 147А, 147Б и 149, како и дел од улицата „Благој Давков“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

EVNzgrada

ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а полицијата ќе постапува за кражби на струја

Македонија | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања