Корисниците од дел од населбата Топанско Поле денеска, 17 август 2026 година, ќе останат без водоснабдување поради изведување водоводен приклучок.
Според најавата од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Интервенцијата се изведува на улицата „Џон Кенеди“, на крстосницата со улицата „Браќа Реџепагиќ“, каде што старата водоводна мрежа Ф250 мм ќе се поврзува со нова мрежа Ф100 мм.