Дел од учениците во Тетово ја напуштија наставата во знак на бојкот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ohridski-ucilista

Дел од родителите на ученици во четврто одделение во тетовскиот регион денеска не ги пуштија децата на настава и го одржаа најавениот предупредувачки бојкот на наставата.

— реклама —

Така направија родителите на учениците во основното училиште „7-ми Март” во Милетино, Општина Брвеница.

— реклама —

Тие се револтирани што годинава четвртоодделенците не добија учебници и согласно новата концепција треба да учат од дигитални примероци преку електронски уреди.

— реклама —

-Никој не е против дигитализацијата во наставата, но бараме тоа да биде помошно средство. За објаснување. Книгата да биде главно средство за наставата. Учебник е учебник. Образованието е бесплатно за сите, а ваму сме принудени да печатиме учебници. Немаат сите можности ниту да печатат учебници ниту да купуваат таблети или други уреди за следење на наставата, изјави Ненад Ѓорѓески, родител и член на училишниот одбор во ОУ „7-ми Март” во Милетино.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања