Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Делови од Центар и Карпош денес без вода поради дефекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
bez-voda

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денес (12 јуни) поради санација на дефекти на водоводната мрежа, дел од корисниците во општините Центар и Карпош ќе останат без вода.

— реклама —

Поради промена на ППХ вентил со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Киро Крстевски Платник“ бр. 2 во Центар, прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Коле Неделковски“, на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до улицата „Киро Крстевски Платник“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до завршување на интервенцијата.

— реклама —

Дополнително, поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф-350 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на фабриката „Карпош“, без вода од 09:00 часот ќе останат корисниците на дел од улиците „Јуриј Гагарин“ и „Миле Поп Јорданов“.

— реклама —

Со намален притисок во водоснабдувањето ќе се соочат и жителите на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од раскрсницата со булеварот „8 Септември“ до Студентскиот дом „Гоце Делчев“, како и корисниците во населбите Прашка, Жданец, Трнодол и Горно Нерези.

Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по санирањето на дефектите и апелираат до граѓаните за разбирање и трпение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Делови од Чучер Сандево и Карпош денеска без вода

Скопје | пред 13 минути

— реклама —
media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Делови од Карпош и Чучер Сандево утре без вода

Скопје | пред 15 часа

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Денес без вода Батинци и делови од Чаир

Скопје | пред 3 дена

bez-voda

Утре без вода во делови од Скопје – проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања