Клиничката болница-Битола преку Министерството за здравство остро ги демантира обвинувањата на лицето кое се претстави како сестра на починатиот 24-годишен пациент од Ресен. Оттаму за „Скопје1“ најостро ги информациите дека пацинетот бил физички малтретиран.
„Според податоците во системот, 24 годишниот пациент од Ресен кој почина како последица на Ковид-19 тој на инфективното одделение во болницата во Битола е примен на 24 август како суспектен на болеста. Кај пацинетот било извршено тестирање за корона и тестот е со позитивне резултат. За време на првата хоспитализација во КБ Битола, пациентот дошол со ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, утврдено е дека има масивна бронхопневмонија, ниска сатурација и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување“, велат од МЗ за „Скопје1“.
„По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен. На 25 август, пациентот во КБ Битола е донесен од болницата во Охрид. Веднаш е хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал“, додаваат оттаму.
(Вознемирувачки снимки) Сестра на починатото момче од Ресен обвинува за негрижа: Болницата вo Битола е убиец на млади деца
Сестрата на 24-годишниот маж од Ресен кој почина поради компликации од Ковид-1,9 објави снимки и детали од како што пишува, битолската болница. Ова доаѓа откако Министеството за здравство момчето коешто почина на 27 август потпишало дека на своја одговорност ја напушта болницата.– Изјавија дека брат ми си замина од болницата самоволно затоа што брат ми не беше во болница туку подобро е во затворот Идризово од оваа болница, пишува лицето кое се претставува како сестра на починатиот која споредли
Слајдер | пред 4 години