Према Светската банка економскиот модел во Македонија кој е дарежлив во јавната потрошувачка преку субвенции и даночни ослободувања, не е одржлив. Државата мора да одреди нови приоритети каде да ги троши јавните пари, да зајакнат приходите и да се скратат непотребните трошоци, напишаа во својата објава на ФБ Демократи.
Тие додаваат:
За жал ќе продолже да се зголемува бројот на сиромашните граѓани како последица на уништената економија и коронакризата..
Исто така секој ден се зголемува долгот на државата, долг кој не само што ние ќе мора да го плаќаме, туку и нашите деца и внуци.
Властите ова катастрофална економска состојба во која се најдува Македонија ја прикажуваа како последица од ковид кризата, но ДЕМОКРАТИ сакаат да ги потсетат политичките манипуланти, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициони приврзоци дека три децении ја крадеа државата, ја уништиваа економијата и го осиромашуваа народот.
На место да работат на креирање на светска економија и повисок животен стандард, тие ја пустошеа државата за свои лични интереси на богатење, напишаа Демократи на ФБ.