„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Демократска фракција: ВМРО-ДПМНЕ да расчисти со грујовизмот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro-frakcija

Последиците од со години криминалниот начин на водење на партијата, узурпацијата на партијата од страна на фамилијата и нивните измеќари со цел енормно крадење и лично богатење, претворање на УБК во приватна сопственост и сé друго, со сведочењето на слугата Нинџа, испливаа на површина во своето вистинско и најнегативно светло. Се случи ,,со свој камен по своја глава”. Каменот кој дојде одблизу ја прикажа вистинската слика на алчните квазивмровци, на кои најбитни им биле удобните фотељи и полните џебови, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ - демократска фракција.

— реклама —

-Жалиме, се вели во соопштението, за последиците кои во блиска иднина ќе ги трпиме сите ние како чесни членови на партијата, но истовремено сме среќни што исплива на површина грозоморното сценарио и злосторството кои го планирале и правеле квазипатриотите монструми. И покрај фактот дека се работи за ,,нелуѓе” заради доброто на државата, фракцијата бара и очекува сите директни и индиректни учесници и соучесници во овој случај, да имаат фер судење и казните да бидат сразмено на стореното зло. Обидот под плаштот помирување да се даде амнестија на дел од учесниците во случувањата од 27 април во замена за гласање за уставните измени и промена на името, Фракцијата ќе го смета за ново злосторство и во иднина ќе поведе постапка за гонење на сите кои ќе учествуваат во истото.

Во соопштението се посочува дека, по предавство и куквичкото бегство на почесниот претседател на партијата станува повеќе од јасно и неминовно во најкраток можен рок членството на партијата дефинитивно и целосно да расчисти со грујовизмот и со грујовистите во своите редови. Секое понатамошно молчење и калкулирање само ќе ја докусурат и згаснат партијата. Тогаш нема да ни биде крив СДСМ, туку ние самите, поточно оние кои сега управуваат со партијата.

— реклама —

-Господине Мицковски не е грев да се расчисти со криминалните структури во партијата, партиските мешетари и патриоти за полн џеб. Не е грев желбата и напорите ВМРО ДПМНЕ од дувло на криминалци, одродници и профитери (какво што беше последниве десетина години) повторно да стане сéнародна партија која сега во овој критичен момент повторно ќе ги обедини граѓаните. Во овие тешки и последни моменти за опстојување на државата и партијата и на се она што е македонско, потребно е храброст и одлучност.

Само кристално прочистено и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои газат по достоинството на македонскиот народ и кои се обидуваат да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година, се вели во соопштението на фракцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања