Промени тема
Контакт

Демократскиот сојуз: Претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за дивоградбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pavle-trajanov

Демократскиот сојуз не го поддржува Законот за добивање правен статус на бесправно изградени објекти и бараме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува законот со што ќе се спречи беззаконието во државата и да се привилегираат оние кои ги кршат законите и се директно одговорни за градежниот хаос, потенцираат од оваа партија.

Според нив, постојат објекти изградени во заштитени зони, што е спротивно на деталните урбанистички планови и објекти кои ја попречуваат реализацијата на урбанистичките планови.

— реклама —

„Ставањето во нерамноправна положба на граѓаните е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите. Чесните граѓани подготвуваат проекти, бараат дозволи за градба, плаќаат комуналии и ги почитуваат сите прописи. Додека оние што градат бесправно и узурпираат земјиште, диво се приклучуваат на водоводните мрежи, електричната енергија, ги кршат сообраќајните решенија и слично, не смеат да бидат и натаму мотивирани и лош пример за во иднина“, реагираат од ДС.

— реклама —

Демократскиот сојуз има разбирање за социјалните аспекти, но никако не се за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн, децидни се од оваа партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања