Корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар денеска ќе останат без вода поради изведување работи на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека на улицата „Мирослав Крлежа“ бб ќе се врши поврзување на нова водоводна мрежа со профил Ф-100 мм.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на предвидените активности.
Од претпријатието ги известуваат жителите засегнати од прекинот навремено да се снабдат со потребните количества вода.