Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Денеска е Националниот ден на Власите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
vlasi

Денеска се обележува националниот ден на Власите. Во Македонскиот народен театар, вечер со почеток во 18 часот ќе биде одржана Свечена академија по повод одбележувањето на 120 години од Националниот ден на Власите.

— реклама —

Настанот под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“ е во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со влашките здруженија, културни институции и јавни организации.

— реклама —

Оваа манифестација, како што информираат од Министерството, претставува можност да се прослави истрајноста, идентитетот и културното богатство на влашкиот народ, кој преку генерации оставал длабок печат во општествениот развој на Македонија.

— реклама —

На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Иван Стоилковиќ и претседателот на ПВМ, Стерјо Папули.

Свечената академија ќе биде збогатена со културно-уметничка програма. Манифестацијата ќе биде отворена со настап на Хорот „Злата Мегленска", настапи на уметниците Марија Костова, бендот „Бона Деа" и Елена Џика од Скопје. Публиката ќе има можност да ужива и во изведбите на „Fiturlji di Shtip - Пеперутки од Штип" и Леона и Ребела Јанкоски дует од Крушево, настап на дуетот Александар и Дац, како и изведба на групата „Армањ Пирифањ – Горди Власи" од Скопје.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања