Промени тема
Контакт

Денеска ќе биде јасно што одлучил Мицкоски, ЕУ или останува во заложништво на Левица, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Нашата држава, нашиот народ е пред историска шанса за продолжување на европскиот пат, со цел полноправно членство во ЕУ најдоцна до 2030 година, вели СДСМ

„Сега е потребно да се искористи таа шанса, да се искористи силната и конкретна поддршка од нашите сојузници во ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД.

— реклама —

Немаме време за губење и чекање, важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност за остварување на стратешката цел за членство во ЕУ.

Време е Мицкоски и сите други во ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со сопствената одговорност дека имаме шанса да донесеме одлука важна за иднината на земја и тоа заедно.

— реклама —

Глас за Европа во македонското Собрание е глас за европска иднина.

— реклама —

Најдобро македонско национално единството ќе постигнеме доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ.

Доколку не ги направиме уставните измени дефинитивно ја испуштаме шансата за ЕУ.

— реклама —

Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција.

Денеска ќе биде јасно што одлучил Мицкоски, ЕУ и обединување околу европската иднина на државата, или останува во заложништво на Левица“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања