Во Кривичниот суд денеска во 12.30 часот треба да биде објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
Во „Титаник 2“ на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Мијалков е се уште во куќен притвор, а по одлуката на Врховниот суд, кој ги пушти од притвор бизнисмените од „Империја“, иста одлука се очекува и за поранешниот шеф на УБК. Неговото име беше споменувано во политичките пазарења на власта за обезбедување на мнозинството во парламентот за уставните измени за промената на името на земјава.
Со правното мислење на Врховниот суд, со кое е утврдено СЈО да не може да покренува обвиненија и истраги после јуни 2017 година, се отвора можност пресудите на пониските судови да паднат пред Врховен.