Промени тема
Контакт

Денеска променливо облачно нестабилно со локален пороен дожд, пораст на температурите од вторник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.

— реклама —

Во Скопје, променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град.

И во недела ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

— реклама —

Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. пораст на температурата се очекува од вторник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања