Денеска се избира ректор на УКИМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

На 23 факултети и пет институти во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот ќе се спроведе тајно гласање за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за мандатниот период 16 септември 2023 - 15 септември 2026 година. Во Единствениот избирачки список на УКИМ, утврден од Универзитетската изборна комисија, запишани се 1.419 гласачи.

— реклама —

Денеска избор на ректор на УКИМ, ќе гласаат 1.419 професори, асистенти...

— реклама —

Тие ќе избираат од еден од шесте кандидати за ректор на УКИМ, колку што и се пријавија на огласот: Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, Биљана Ангелова од Економскиот институт, Ратко Дуев од Филозофскиот факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Димитар Ташковски од ФЕИТ.

— реклама —

По 14 часот, кога ќе заврши гласањето, изборните единици ќе ги пратат резултатите до Универзитетската изборна комисија (УИК). Според роковникот за организирање на изборите, УИК до крајот на денот треба да ги објави резултатите од тајното гласање. Потоа ќе следува период за поднесување приговори во рок од три работни дена (31 мај – 5 јуни до 16 часот). Откако ќе бидат разгледани евентуални приговори, УИК на 6 јуни ќе ги објави конечните резултати.

Доколку на некои единици во состав на УКИМ е потребно прегласување, повторното гласање ќе се организира на 9 јуни од 12 до 14 часот, а резултатите ќе бидат објавени до крајот на истиот ден. По законскиот рок од три дена за приговори, конечните резултати за избор на ректор ќе бидат објавени на 15 јуни.

Кандидатот што ќе биде избран, од септември ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања