Денеска се празнува Преподобен Наум Охридски Чудотворец: сеќавање на светецот што го обележа словенското христијанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryfur9ib3iqba3dcr4SDq

Денеска православните верници го празнуваат споменот на Преподобен Наум Охридски, еден од најзначајните светители на словенското христијанство и духовен столб на Охридската книжевна и монашка традиција. Името Наум, чија оригинална форма е Нахум и има еврејско потекло, значи „утешител“. Според народното толкување, човекот што го носи ова име остава впечаток на смиреност и тивкост, иако во неговата внатрешност често се судираат силни страсти. Денес именден празнуваат Наум, Наумче, Науме, Наумка и сите нивни изведени форми.

— реклама —

Свети Наум бил ученик на светите браќа Кирил и Методиј и еден од Петточислениците кои најревносно соработувале со словенските апостоли во делото на просветлување на словенските народи. Заедно со нив патувал и во Рим, каде што се истакнал со својата ученост, познавајќи повеќе јазици, но и со чудотворна моќ, поради што уште тогаш стекнал голема почит.

Со поддршка на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим, светите ученици се населиле на бреговите на Охридското Езеро. Додека свети Климент дејствувал како епископ во Охрид, свети Наум го основал манастирот на јужниот брег на езерото, кој и денес претставува едно од најпрепознатливите духовни и културни обележја на Македонија. Манастирот на Свети Наум низ вековите бил извор на духовна сила, засолниште за болните и утеха за неволните.

— реклама —

Околу свети Наум се собрало бројно монаштво од различни делови на Балканот. Тој бил мудар учител, строг но праведен духовен раководител, подвижник со силна вера и молитвеник кому му се припишуваат бројни чуда. Неуморно работел на преведувањето на Светото Писмо и на други црковни книги од грчки на словенски јазик, со што дал огромен придонес за развојот на словенската писменост и богослужение.

Се верува дека свети Наум вршел чуда и за време на животот, но и по своето упокојување во првата половина на 10 век. Неговите мошти, кои се наоѓаат во манастирот што го основал, и денес се почитуваат како чудотворни, а во народната традиција посебно се истакнуваат исцеленијата од тешки болести и душевни страдања.

Во житијата, богослужбените текстови и молитвите посветени на свети Наум се среќаваат бројни сведоштва за неговите чуда, кои се надополнуваат и со богато народно предание. Во едно од најстарите словенски житија, за кое се смета дека е напишано од негов современик, се истакнува дека светителите сториле многу повеќе чуда отколку што се запишани, но дел од нив биле премолчени од скромност, што дополнително ја засилува сликата за духовната големина на Преподобен Наум Охридски Чудотворец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања