Денеска се празнува Собор на св. Јован Крстител, дел од моштите има во Бигорскиот манастир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sv-jovan-krstitel

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.Православните Христијани денеска го одбележуваат празникот Собор на Св. Јован Крстител. Именден прославуваат, Јован, Јована, Јоне.

— реклама —

Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.

— реклама —

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.

Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар.

Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември). Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања