„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Денеска се слави Свети апостол Андреј Првоповикан, именден слават Андреј, Андреја, Андријана...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
apostol-andrej

Празник на првиот Господов апостол

— реклама —

Во народниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува.

Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана...

— реклама —

Првиот Христов апостол Св. ап. Андреј наречен Првоповикан има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и со неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и е роден брат на Св. апостол Петар. Тие биле рибари и ловеле риби во Генизаретското Езеро. Најпрвин Св. ап. Андреј бил ученик на Св. Јован Крстител, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: „Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, отука и е наречен Првоповикан. Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него. Легендата раскажува дека еднаш додека Андреј и Петар ловеле риби на езерото тука минал Исус и им рекол: „Дојдете со мене, јас ќе ве научам да ловите луѓе“. Оттогаш Андреј е неразделен од Исуса. Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух.

Светата православна црква споменот на Св. ап. Андреј Првоповикан го празнува на 13. XII/30 XI на денот кога маченички умрел за верата Христова.

Во народниот говор името Андреја асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува. Ваквото толкување на овој ден во Охрид го запишал Е. Спространов, а слични толкувања се запишани и во Прилеп, Штип, Крушово и др. места. М. Цепенков во записот „Зошто се држат некои празници“ запишал дека „празнико Свети Јандреја во тој ден што паѓа нарастуал по прилепски. Власите крушоски и битолски велат по влашки: арс’ри дзуа кт’н андреоа (скочи денот колку една игла самарна).“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања