Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се спушти на два, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура од четири степени, додека дневната ќе биде 23 Целзиусови степени. ВоМаврово 14, Охрид 17, Битола 22, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 18, Гевгелија 23 степени.
Утре времето ќе биде претежно облачно, попладне со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.
Дневните температури во Скопје ќе бидар 13 степени, Маврово 7, Охрид 15, Крива Паланка 10, Берово 12, Битола и Кавадарци 16, Гевгелија 18 степени.