Денеска во кривичен завршни зборови на одбраната за 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

27-mi-april-sudenje

Со завршни зборови на одбраната денеска во Криивчниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

— реклама —

Завршни зборови на минатото рочиште изнесе јавното обвинителство, кое е застапник на обвинението за случајот „27 април“, во кој првично беа обвинети 33 лица, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

Обвинителката Вилма Рускоска, во својот завршен дел истакна:

— реклама —

– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.

Завршни зборови треба да дадат Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов, Младен Додевски, Горанче Ангеловски,Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Влатко Трајковски, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, и Вилијам Михајловски.

15 мината се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот 5 поредок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања