Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Денеска втор уписен рок за средно образование, слободни речиси 12.000 места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-librarynrhk8acl7i941WE1jLy
СУГС Гимназија "Јосип Броз Тито"

Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование во првиот уписен рок, денеска добиваат нова можност преку второто електронско пријавување за учебната 2026/2027 година.

— реклама —

Според податоците на Министерството за образование и наука, по завршувањето на првиот уписен рок во средните училишта низ државата останале слободни вкупно 11.882 места. Во првиот рок успешно се запишале 13.397 ученици, додека преку електронскиот систем аплицирале вкупно 15.075 деветтоодделенци.

— реклама —

И оваа година најголем интерес има за стручното образование, каде што се запишале 8.910 ученици, додека во гимназиското образование се запишани 4.278 ученици.

Во меѓувреме, во повеќе средни училишта конкурсот веќе е затворен поради целосно пополнување на слободните места. Станува збор за дел од најбараните гимназии во Скопје и во другите градови низ државата. Во некои училишта ќе се спроведе и квалификациско тестирање за кандидатите кои освоиле ист број бодови.

— реклама —

Електронското пријавување во вториот уписен рок се реализира денеска, 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација во училиштата е предвидено за 24 јуни. Конечните ранг-листи ќе бидат објавени на 25 јуни, најдоцна до 12 часот.

— реклама —

Од Министерството за образование и наука апелираат учениците и нивните родители внимателно да ги следат известувањата на училиштата и да ги почитуваат утврдените рокови за успешно завршување на уписната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

2020-09-08

На полноќ истекува првиот уписен рок за средношколците

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
2020-09-08

Од утре стартуваат уписите во средно: Пријавувањето е електронско

Македонија | пред 1 седмица

ukim

Почнаа уписите на УКИМ, има слободни места за 9719 студенти

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

(ФОТО) „Паѓаат“ електронските уписи, родителите нервозни и загрижени

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања