„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Денис Космонаутко за навредите кон докторите: Зборовите болат, но не кршат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
denis

„На терен: педери, хоштаплери, море маму ви јебем, мрште одовде, еве ги овие на Филипче слугите, стоки, абре сите да ве снема...... Нит станав педер, ни хоштаплер, стока уште помалку, слуга па ич. И не не' снема. Тука сме и ќе сме секогаш за тие на кои сме им потребни. За сите. И покрај навредите кои некогаш беа преголеми сепак ние си продолживме со нашата работна задача почитувајќи го чичко Хипократ. Ние сестрите... но и болничарите, докторите, хигиеничарите, помошниот персонал, администрација, набавки, управа како и доброволците, волонтерите и сите добронамерни луѓе , некои со документ за заклетва, некои не, но сите ја носиме во срцето и оттаму таа ни е водилка низ оваа лудница од секаков вид. А се' тоа е со една цел - драгоцениот човечки живот.

— реклама —

Така да ни докторите не се убијци само заради нечии непромислени изјави. Или може и вака, убијци на вирусот. Е тоа да. Да, зборовите болат, погодуваат, нервираат но НЕ НЕ' КРШАТ Без нервоза, имаме уште работа, мора да бидеме уште јаки зошто тоа и се очекува од нас. А јаки сме нели... А ќе има уште погани усти. Нив ништо не ги мие. Толку им дал тој на кој се повикуваат“, реагираше и Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје кој во екот на пандемијата земаше брисеви за корона, а потоа работеше и на вакциналните пунктови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања