„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Денот „Д“ за одговорноста за трагедијата во Кочани: трагедија со „потпис“, ќе се обзнани кај кого е лоцирана вина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

Обвинителите денеска ќе соопштат дали истрагата утврдила вина кај сите 47 осомничени лица против кои се собираа докази за трагедијата во „Пулс“ каде имаше 62 жртви. Завршени се вештачењата, анализите на одземените уреди, испитувањата на сведоци и оштетени. На прес-конференција каде ќе бидат сите кои постапувале, Обвинителството најави споделување на сите детали по однос на поднесеното обвинение. Со ова, топката се префрла во судот, кој ќе треба да го оцени обвинението и да започнат судењата.

— реклама —

Извесно е дека обвинение нема да се поднесе против лицата кои се на болничко лекување, а тоа е Владимир Блажев-Панчо. Управителот на фирмата која управувала со дискотеката, Александар Карадаковски, од осомничен стана оштетен, бидејќи почина додека беше на болничко лекување.

На листата на осомничени се поранешниот и неформалниот сопственик на „Пулс“, сопственикот на објектот кој го издал на користење, реалниот сопственик на фирмата за обезбедување, лица вработени како обезбедувачи, инспектори од различни ресори, четворица поранешни министри за економија, тројца поранешни државни секретари, двајца поранешни директори на ДПИ, тројцата поранешни градоначалници на Кочани, директорите на Дирекцијата за заштита и спасување.

— реклама —

Во засебна истрага, опфатени се и 14 полициски службеници кои низ годините дозволиле преку документација да се овозможи работа на дискотеката. За нив нема јавнообвинителска одлука и не се знае дали се собрани доволно докази. Истовремено, од вчера статус на осомничени добија уште 13 лица кои имале раководни функции во СВР Штип и ОВР Кочани изминатата година.

Деталите за обвиненијата ќе бидат соопштени денеска во 12 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања