Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Десет години од смртта на Маринко Маџгалј: објавена песна во негова чест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryq8ebs8fd91rv5HIIJlh

Денес се навршуваат десет години од смртта на познатиот актер и пејач Маринко Маџгалј. По тој повод, неговиот пријател и колега Огњен Амиџиќ објави нова песна на групата „Фламингоси“ под назив „Због нје“, во која, благодарение на современата технологија, се слуша и гласот на покојниот Маџгалј.

Музиката и текстот ги потпишува Амиџиќ, додека аранжманот го направи Марко Кон.

— реклама —

„За нашиот Маринко“, напиша Амиџиќ

— реклама —

Покрај песната, Амиџиќ последната емисија „Амиџи шоу“ ја посвети на Маџгалј, истакнувајќи дека сè уште не се помирува со неговото заминување.

— реклама —

„Утре се навршуваат десет години од денот кога нè напушти Маринко Маџгалј. Тој нè напушти во овој земен облик, а пред десет години излезе и последната песна на „Фламингоси“. Оваа вечерна емисија е мојата желба да му се посвети на Маринко“, рече Амиџиќ.

— реклама —

Во текот на кариерата, групата „Фламингоси“ оствари бројни хитови, меѓу кои се издвојуваат „Obala“ и "Ludi letnji ples, како и дуети со Емина Јаховиќ („La gitana“) и Каролина Гочев („Ти и јас“).

Маринко Маџгалј почина во 2016 година по борба со тешка болест, а неговото уметничко наследство и понатаму живее преку музиката и сеќавањата на пријателите и фановите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања