Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Десет осигурителни компании формирале картел и ги кренале цените на полисите за автомобилска одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
RSBSP_02

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930. Тие формирале картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилска одговорност што секој сопственик на моторно возило задолжително мора да ја плати при регистрирање на возилото.

„Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди постоење на усогласено однесување или картел помеѓу десет осигурителни компании: „Евроинс осигурување“, „Триглав осигурување“, „Македонија Скопје – Vienna Insurance Group“, „Сава осигурување“, „Еуролинк“, „Граце“, „Уника“, „Осигурителна полиса“, „Халк осигурување“ и „Кроација осигурување“ на пазарот на осигурување од автомобилска одговорност кое секој сопственик на моторно возило задолжително мора да го плати при регистрирање на возилото“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Во постапката, според Комисијата, било утврдено дека осигурителните компании во периодот 01.03.2024 – 07.05.2024 година, разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток.

Таквото однесување, смета Комисијата, претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, односно најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата.

— реклама —

„Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането. Врз основа на утврдените факти, Комисијата изрече прекршочни санкции – глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари“, соопшти Комисијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања