Промени тема
Контакт

Десетици луѓе загинаа во воздушни напади врз Газа: „Ова изгледа како нов израелски масакр“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
izrael

Вкупно 65 лица се убиени и ранети во израелските воздушни напади врз населба со шатори во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија во вторникот официјални лица од Газа, додека израелската војска соопшти дека целта бил команден центар на Хамас.

Лекарите и локалните жители велат дека шаторската населба се наоѓа во близина на градот Кан Јунис, во областа Ал-Маваси, која е означена како хуманитарна зона, со оглед на тоа што е преполна со раселени Палестинци. Најмалку четири проектили паднале на споменатото подрачје, при што биле запалени дваесет шатори и зад себе оставиле кратери длабоки девет метри.

Претставниците на Газа наведуваат дека погодени се 65 лица, но не се знае точно колку од нив загинале, а колку се ранети. Министерството за здравство сè уште собира податоци, додека новинската агенција Хамас Шехаб објави дека загинале 40 Палестинци.

„Нашите тимови сè уште трагаат и ги евакуираат ранетите. Ова личи на уште еден израелски масакр“, изјави еден функционер во Газа.

Израелската армија соопшти дека биле нападнати од терористи на Хамас кои формирале командно-контролен центар во хуманитарната зона.

— реклама —

„Терористите напредуваа и извршија терористички напади против нашите војници и државата Израел“, се вели во соопштението на израелската армија.

Хамас ги отфрли сите обвинувања за користење на цивилни области за воени цели.

— реклама —

„Острана лага е да се оправдаат овие страшни злосторства. Во зоните во кои живеат цивили, нема наши членови, нема кој би го искористил тој простор за воени цели“, рече Хамас.

Локалните жители изјавија дека над нив се уште се слушаат израелски авиони, додека амбулантни возила на теренот го обиколуваат погоденото подрачје и ги транспортираат ранетите во болница.

Од 2,3 милиони жители на Газа, речиси и да нема некој кој не морал да го напушти својот дом, а некои се преселиле и до десет пати.

— реклама —

Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври минатата година кога, според израелските податоци, припадниците на Хамас убија 1.200 луѓе, а зедоа 250 заложници. Во израелскиот напад врз Газа што следеше, според Министерството за здравство на Газа загинаа вкупно 40.900 Палестинци.

Завојуваните страни меѓусебно се обвинуваат дека не постигнале прекин на огнот што би ги запрело борбите и би овозможило ослободување на заложниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 18 часа

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања