Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Десетмесечно бебе почина во Италија откако таткото ненамерно го притиснал додека спиеле заедно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
655-402-bebe

Десетмесечно девојче почина од последици на задушување откако, според првичните информации, таткото случајно го притиснал додека спиеле заедно во кревет.

— реклама —

Трагичната несреќа се случила во Италија, а бебето во критична состојба со хеликоптер било пренесено од Риети во Рим, каде подоцна им подлегнало на повредите. Според реконструкцијата на настанот што ја дал таткото, тој и ќерката заспале заедно во саботата навечер. За време на спиењето, мажот несвесно се свртел и со телото го притиснал детето, при што му бил прекинат доводот на воздух.

Кога се разбудил, таткото ја затекнал ќерката помодрена и без знаци на дишење, по што веднаш повикал итна медицинска помош.

— реклама —

Лекарите долго време се обидувале да ја реанимираат, по што во тешка состојба најпрво била пренесена во болницата „Де Лелис“ во Риети, а потоа со хеликоптер во римската поликлиника „Џемели“.

И покрај напорите на медицинските тимови, за девојчето немало спас. Продолжениот срцев застој предизвикал неповратно оштетување на мозокот, по што починало во болница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye999gecqmotk5tWKxJ9

(Видео) Бебе преживеа пад од 33-ти кат во Санкт Петербург

Свет | пред 2 седмици

bebe

Починато новороденче донесено во тетовската болница

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd6k4kj58ahrq9IbOk1b

Две бебиња во инкубатор итно пренесени од Дубровник до Сплит

Свет | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Трагедија во Кавадарци: Починало двомесечно бебе во кавадаречката болница, наредена обдукција

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања