Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека ВМРО-ДПМНЕ живее во паралелна реалност, алудирајќи на тврдењето на лидерот, Христијан Мицкоски, кој во вечерашната дебата на Канал 5 рече дека партијата поднела 65 амандмани за Законот за јавно обвинителство.
Министерката на својот фејсбук профил напиша дека на ВМРО-ДПМНЕ им доцни саатот најмалку 4 часа.
„На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!“, пишува Дескоска.