Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Дескоска: Ново барање за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски од Грција , помилувањето од Иванов е без правен основа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Министерството за правда ќе бара нова екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Во моментов истото се преведува согласно Договорот со Грција. Судот во Грција ги поби аргументите околу дадените помилувања од претседателот Ѓорге Иванов, изјави министерката за правда Рената Дескоска.

„Помилувањата се дадени без правен основ, на законски одредби што во моментов не се во правна сила во Република Македонија и од тие причини практично не ни произвеле правно дејство. Секако се образложува и постапката која е правена со измена на законот и повлекувањето“, рече министерката Десковска.

— реклама —

На прашање дали немањето меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски е причина за тој да не биде задржан во ниту една земја при неговото бегство во Унгарија, Дескоска вели дека ова е прашање за МВР, но и дека тие држави немале обврски да делуваат ако во моментот немало меѓународна потерница.

— реклама —

„Ако немало во моментот меѓународна потерница, а како што знаеме немало, тогаш и тие држави немале обврски да делуваат“, рече Дескоска по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за правда, УНИЦЕФ, Адвокатска комора и Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања