Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Детали од повтореното судење во Србија: Коста Кецмановиќ го обвини таткото за оружјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Свет
media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Во повторениот казнен процес против Владимир Кецмановиќ и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кој изврши масакр во Основното училиште „Владислав Рибникар“, вчера пред Посебниот суд во Белград се одржа петчасовно сослушување на малолетниот сторител.

— реклама —

Момчето, кој во моментот на злосторството имал помалку од 14 години и нема кривична одговорност, под строги мерки на обезбедување го изнесе својот исказ зад затворени врати. Тој директно го обвини таткото за достапноста на оружјето, наведувајќи дека без острите пушки на таткото, немало да го изврши злосторството.

— реклама —

Во текот на исказот, момчето откри дека идејата ја добил гледајќи документарен филм за масовно убиство во американско училиште, а своето ладнокрвно однесување го објасни како „вродена вредност – да се биде без емоции“.

— реклама —

Спротивно на претходните изјави, тој сега се обиде да ја ослободи мајката од одговорност, наведувајќи дека нејзините барања не влијаеле на одлуката за злосторството.

Адвокатката на оштетените семејства, Зора Добричанин Никодиновиќ, изјави дека исказот обезбедил „бетонски докази“ кои ја потврдуваат обвинителната линија.

Повтореното судење следува по укинувањето на дел од пресудата од Апелацискиот суд, при што таткото се товари за тешко дело против општата безбедност и неадекватно чување оружје, а мајката за занемарување и злоставување на детето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Повторно судење за Владимир и Милјана Кецмановиќ во Вишиот суд во Белград

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања