Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Повторно судење за Владимир и Милјана Кецмановиќ во Вишиот суд во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Во Вишиот суд во Белград денеска треба да започне повтореното судење на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на момчето К.К., кое на 3 мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет деца и училишниот чувар, а рани уште пет деца и наставничка.

— реклама —

На почетокот на судењето, обвинетите треба да се изјаснат за вината.

— реклама —

Првата првостепена постапка беше затворена за јавноста, но медиумите пренесоа дека тие ја негирале вината.

— реклама —

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, во декември за Танјуг, кога беше закажан почетокот на судењето, изјави дека од повторената постапка очекува да биде максимално ефикасна и да се спроведе без одолговлекување.

„Исто така, Вишото јавно обвинителство во Белград очекува Вишиот суд повторно да донесе осудителна пресуда и, во согласност со собраните докази и степенот на нивната вина, обвинетите да ги осуди на максимални затворски казни, како што обвинителството предлага од самиот почеток на постапката и на што ќе инсистира до крај“, изјави тогаш Стефановиќ.

Судењето се повторува откако Апелациониот суд во Белград ја укина првостепената пресуда со која родителите на Кецмановиќ беа осудени на повеќегодишни затворски казни и наложи повторување на судењето.

Владимир Кецмановиќ со првостепената пресуда, за кривичните дела запоставување и злоставување малолетно лице и тешко дело против општата безбедност, беше осуден на затворска казна од 14 и пол години, додека неговата сопруга Милјана Кецмановиќ, за кривичното дело запоставување и злоставување малолетно лице, беше осудена на три години затвор.

Покрај кривичната постапка, против родителите на Кецмановиќ беа водени и пет граѓански постапки по тужби на членовите на семејствата на убиените и ранетите, кои сите првостепено беа завршени.

Момчето К.К., кое во времето на извршувањето на злосторството немало наполнети 14 години и поради тоа не е кривично одговорно, на 3 мај во училиштето пукал со два пиштола на таткото, кои ги зел на 1 мај 2023 година.

Тој тој ден ги ставил пиштолите во својот ранец, отишол на училиште и за време на првиот час убил 10 лица и ранил уште пет деца и наставничката по историја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Детали од повтореното судење во Србија: Коста Кецмановиќ го обвини таткото за оружјето

Свет | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања