Промени тема
Контакт

Детали за крвавиот напад во стан во Карпош: Еден ја покажал локацијата и шифрата од зградата, другите двајца нападнале со нож

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycsh1i936ka910S4pYET
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против тројца државјани на Турција осомничени за обид за убиство во стан на улицата „Прашка“. Двајца од осомничените биле приведени при обид да ја напуштат државата преку граничниот премин Блаце, додека третиот успеал да избега на Косово.

— реклама —

Според Обвинителството, тројцата се осомничени дека како соизвршители учествувале во кривично дело убиство во обид. Еден од нив им помогнал на другите двајца, одведувајќи ги до зградата во која престојувале двајца турски државјани и откривајќи им ја точната локација и шифрата за влез.

— реклама —

Осомничените влегле во станот и со повеќе убоди со нож се обиделе намерно да го лишат од живот едниот од оштетените. Другиот турски државјанин се обидел да ги спречи, но и тој бил повреден во раката.

По нападот, тројцата осомничени се обиделе веднаш да ја напуштат Македонија преку граничниот премин Блаце. Двајца биле запрени и приведени, а надлежниот јавен обвинител за нив поднел предлог за определување мерка притвор.

— реклама —

Третиот осомничен, за кого се наведува дека им помогнал на другите двајца, според информациите од граничните власти успеал да избега на Косово. За него обвинителот предложил определување притвор по пронаоѓањето и лишувањето од слобода, со цел да биде распишана меѓународна потерница.

media-library8lo66qulm8b682310XL

Крвав напад во стан во Карпош: Двајца Турци повредени со остар предмет, двајца уапсени, трет се бара

Двајца турски државјани се уапсени во Скопје под сомнение за обид за убиство на двајца нивни сонародници во стан на подрачјето на Карпош. Полицијата трага по уште едно лице, исто така од Турција, за кое постои сомнение дека учествувало во нападот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничените К.М. (36) и С.Б.П. (22), заедно со трето лице, физички нападнале двајца 26-годишни турски државјани и им нанеле повреди со остар предмет.Во моментот на нападот во станот се наоѓале

Македонија | пред 3 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8lo66qulm8b682310XL

Крвав напад во стан во Карпош: Двајца Турци повредени со остар предмет, двајца уапсени, трет се бара

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања