Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Крвав напад во стан во Карпош: Двајца Турци повредени со остар предмет, двајца уапсени, трет се бара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library8lo66qulm8b682310XL
Скопје1.мк

Двајца турски државјани се уапсени во Скопје под сомнение за обид за убиство на двајца нивни сонародници во стан на подрачјето на Карпош. Полицијата трага по уште едно лице, исто така од Турција, за кое постои сомнение дека учествувало во нападот.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничените К.М. (36) и С.Б.П. (22), заедно со трето лице, физички нападнале двајца 26-годишни турски државјани и им нанеле повреди со остар предмет.

— реклама —

Во моментот на нападот во станот се наоѓале и две жени. По нападот, тројцата осомничени побегнале од местото на настанот.

По преземените полициски мерки, К.М. и С.Б.П. биле пронајдени и лишени од слобода на улицата „Јадранска Магистрала“ во Скопје.

— реклама —

Единицата за насилен криминал, односно Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по брза постапка поднело кривична пријава против двајцата уапсени за „убиство во обид“, согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од МВР информираат дека продолжуваат активностите за пронаоѓање на третиот осомничен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Детали за крвавиот напад во стан во Карпош: Еден ја покажал локацијата и шифрата од зградата, другите двајца нападнале со нож

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања