Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.
На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети.
(ВИДЕО) Фатен поткуп во Геге: Две лица приведени, едното и на претходни избори агитирало за ист кандидат
Поткуп на гласачи е регистриран во населбата Даме Груев, односно Општина Ѓорче Петров. Повеќе лица од Ромска припадност, биле затекнати во двор, каде бил поставен и печатач преку кој се правеле копии од лични карти. Агитирањата почнале од утрово, а според наши информации, приведени се две лица. Сумите кои се давале за глас се движеле од 200 денари па до 1000 денари.Според жители на маалото, лицето кое било ангажирано за да дава пари во замена за глас и на претходни избори агитирало за ист кандидат. Снимка од случајот објави и „А1он“. На неа се слуша и како присутни се бунтуваат зошто им се даваат малку пари. Всушност, станува збор за сиромашно маало, на влезот од населбата Даме Груев.На местото и натаму се присутни полициски службеници. Дел од нив се во цивилна облека и со цивилни автомобили. Блокирана е улицата до куќата, а забележително е и дека има гужва.
Скопје | пред 4 години