(ВИДЕО) Фатен поткуп во Геге: Две лица приведени, едното и на претходни избори агитирало за ист кандидат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-10-30-at-16.01.05

Поткуп на гласачи е регистриран во населбата Даме Груев, односно Општина Ѓорче Петров. Повеќе лица од Ромска припадност, биле затекнати во двор, каде бил поставен и печатач преку кој се правеле копии од лични карти. Агитирањата почнале од утрово, а според наши информации, приведени се две лица. Сумите кои се давале за глас се движеле од 200 денари па до 1000 денари.

— реклама —

Според жители на маалото, лицето кое било ангажирано за да дава пари во замена за глас и на претходни избори агитирало за ист кандидат. Снимка од случајот објави и „А1он“. На неа се слуша и како присутни се бунтуваат зошто им се даваат малку пари. Всушност, станува збор за сиромашно маало, на влезот од населбата Даме Груев.

— реклама —

На местото и натаму се присутни полициски службеници. Дел од нив се во цивилна облека и со цивилни автомобили. Блокирана е улицата до куќата, а забележително е и дека има гужва.

— реклама —

Screenshot-2021-10-30-at-16.10.55

Детали за поткупот во Геге од МВР

Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети.

Скопје | пред 4 години

qpkd73j43sQ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања