Промени тема
Контакт

Дете е повредено во сообраќајката со тројца загинати на автопатот Тетово-Скопје, се проверува дали возачот на автобусот бил пијан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на местото каде што попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот кон Скопје, при што загинаа три лица, а едно дете е повредено.

— реклама —

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при контакт меѓу патничко возило и автобус, по што автомобилот излетал од патот. Во него се наоѓале тројцата загинати и повреденото дете.

— реклама —
— реклама —

Обвинителството соопшти дека се преземаат сите дејствија за утврдување на причините и околностите кои довеле до трагедијата. Издадена е наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот е наложено испитување за евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции.

Возилата се одземени за технички преглед со цел да се провери нивната исправност во моментот на несреќата. На местото на настанот бил повикан и сообраќаен вештак, а ќе биде изготвено и целосно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на собраните траги, фотодокументација и останати докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 5 месеци

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 5 месеци

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања