Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Детето кое го тепаа во Кочани има модрици по телото, адвокатот вели го тепале возрасни мажи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
advokat

„Го клоцале, го мавале со шамари, го удирале по раката која му е повредена. Секаде го удирале, по глава, лице, по колкот, доле кога паднал го клоцале секаде по телото“. Вака адвокатот Амет Срџан, кој го застапува малолетното дете кое пред неколку дена беше претепано во Кочани, го опишува насилството кое било извршено од возрасни лица. Тој очекува, дека сите инволвирани лица ќе бидат обвинети за тешки кривични дела, бидејќи освен што го малтретирале, тепањето го снимале и го објавиле на социјалните мрежи. Претепаното дете потекнува од дисфункционално семејство и тоа живее во згрижувачко семејство во Скопје, објави А1ОН.

— реклама —

„Со детето имаше распит во полиција, со присуство на Центарот за социјална работа и јас, каде е земена изјава што точно се случи во Кочани, кои беа луѓето, дали може да ги препознае и така натаму. Изјавата е земена во својство на оштетен, не во својство на обид за кражба, како што се пласираат информации. Се чека да се заврши таа постапка, бидејќи овие информации кои се добиени од оштетениот односно детето, се пренесени во СВР Штип и Кочани, а тие постапуваат по нивни процедури, за да се утврди фактичката состојба. Направено е големо кривично дело, за среќа полицијата се постави како што треба и до тука си ја заврши својата работа како што треба. Тројца се приведени, 20 се испитани, така што тоа не значи дека ќе остане само на тројца. Се собираат доказни материјали. Детето може да ги препознае сторителите, според него. Тоа ќе ја менува работата во однос на бројот на обвинети. Велам обвинети, бидејќи јас сум адвокат во постапката. Очекувам луѓето кои ќе бидат обвинети врз основа на факти, аргументи и докази дека ќе сносат големо кривично дело, односно кривично дело против дете со поткатегории како физичко и психичко насилство, снимање и откривање на идентитетот на детето преку социјални мрежи. Тоа е потешко кривично дело. Ќе почекам да заврши целата предистражна постапка на МВР, па потоа, како застапник на оштетениот ќе пристапам кон модифицирање ако има потреба. Ќе видиме која ќе биде кривичната пријава, па ќе пристапиме соодветно“, вели адвокатот Амет Срџан.

До крајот на утрешниот ден, ќе му биде направен и проверка на психичката состојба на детето. Засега, познато е дека тоа имало видливи повреди по телото, од ударите со кои се здобило.

— реклама —

Текстот во целост на: А1ОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања