„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Детонации од плински боци на депонијата, има повредено лице при интервенција на гаснењето на пожарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
vizbegooooo

Министерството за внатрешни работи информира дека едно лице е повредено за време на интервенцијата, односно геснењето на пожарот во Визбегово и е пренесено во болница.

— реклама —

„Денеска во 09.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо на ул. Б.Буна во Скопје има пожар, односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирани плински уреди и се слушаат детонации од истите. Досега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. За време на интервенцијата едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош“, информираа од МВР.

Пожарот избувнал во кругот на отпад што е регистриран на фирмата АСД „Метал груп“. Жителите од околните населби велат дека рано утрово забележале огромни облаци чад, а од местото каде што гори се слушале и силни експлозии.

— реклама —

Според досегашните информации, детонациите потекнуваат од плинските уреди монтирани на хаварисани те возила кои се запалиле во рамки на депонијата. За среќа, пожарот сè уште не се проширил кон станбени објекти.

Во гаснењето се вклучени екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, а по барање на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, беше ангажирана и воздушна поддршка. На терен дејствува авион Ер Трактор од Дирекцијата за заштита и спасување.

Властите апелираат на внимателност, бидејќи се уште постои ризик од ширење на огнот поради материјалот што гори и временските услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања