„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Детската клиника над милион денари ќе плати за мобилни телефони, во август немаше средства за хигиена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
DETSKA-BOLNICA

Детската клиника во склоп на Клинички центар распиша тендер за набавка на минимум 125 мобилни линии, 3 фиксни линии и еден говорен канал со два приклучоци за интернет. За оваа намена од детската клиника ќе се одлеат 1.800.000 денари. Според спецификацијата една од претплатите на која ќе бидат приклучени две телефонски линии треба да биде од 1.360 денари а да следува 15 гига бесплатен интернет, неограничени СДС пораки, 50 минути за роаминг повици, 150 беплатни минути за роаминг.

— реклама —

Девет претплатнички линии ќе имаат претплата од 830 денари, а за други 32 претплатници ќе се плаќапо 625 денари. Останатите тарифни модели се со месечна претплата од под 400 денари.

“Цена на месечна претплата за симетричен интернет приклучок не смее да биде повисока од 4.700 денари без вклучен ДДВ. Во рамките на месечната претплата да се вклучени: - 1400GB интернет сообраќај,Брзината на пренос на податоци да биде загарантирана со капацитет до 90 Mbps/90 Mbps (download/upload). Понудувачот треба да има корисничка поддршка од 24/7 на бесплатен телефонски број. По надминување на бесплатниот интернет сообраќај вклучен во месечната претплата  цената за дополнителн GB  да не биде повисока од 4,9 денари без ДДВ, додека брзината да падне до 2/2Mbps“, пишува во спецификацијата.

— реклама —

Во август годинава, Детската клиника беше без антибактериски сапун, без медицински ракавици и други основни средства за хигиена. Тогаш, родители чии деца се сместени на клиниката тврдеа дека вработените буквално импровизираат со цел да обезбедат нормални услови за болните деца. Освен овие секојдневни проблеми низ кои минуваат вработените и пациентите на Детската клиника, пред извесно време инцидент со опремата на клиниката сериозно го нарушил нејзиното функционирање и ги вознемирил сите кои биле сведоци на случката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања