Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро.
На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен од селото Црешево.
Убиствата се случиле меѓу 19,30 и 22,30 часот кога биле најдени телата на убиените.
За овој грозоморен чин беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.
На 23 февруари годинава, судот повторно ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири. За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.
Со повторните пресуди Македонија доби потврда дека на чело на државата стојат монструми, кои ја злоупотребиле болката на родителите на убиените деца, но и болката на обвинетите.