На 03.10..2021 околу 18 часот во Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ извршиле контрола во две такси возила „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувани од Д.К. и И.М., двајцата од Скопје, како и во еден објект во Гевгелија, при што пронашле девет лица од Куба кои илегално влегле на територијата на Република Северна Македонија. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Девет лица од Куба илегално влегле во Македонија
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија