Девет сообраќајки во изминатото деноноќие во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Во текот на вчерашниот ден (11.03.2018) на територијата на СВР Скопје  од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 36 возачи од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 28 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници.

— реклама —

Исто така исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи 20 биле нерегистрирани, четири возила поради техничка неисправност и едно возило поради претовар. Санкционирани е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум поради некористење заштитен шлем при управување со моторцикли, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 132 мандатни платни налози и 87 возила се подигнати со специјално возило "пајак".  На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои седум со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања