„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Девет жртви, освети и грешни мети: еден од убиените во Скопје бил ликвидиран и поради осуденици во „Смилковско Езеро“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
slika-ubistva

Деветте жртви на групата „Беланоца-Барон“ и втората неименувана група биле ликвидирани од различни побуди, откри Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на брифинг со новинарите. Меѓу ликвидираните, има и недолжни граѓани кои не биле таргет, но настрадале. За една ликвидација, причината била сомнеж дека убиениот дал информации на институциите за обвинети во случајот „Смилковско Езеро“.

— реклама —

„Мотивот на организаторот на ликвидацијата е дека починатиот ги предал на институциите две од лицата за Смилковско Езеро, од кои едниот е осуден, а друг е во Косово. Организаторот сметал дека убиениот дал информации на безбедносни структури. Дали се дадени информациите – не можеме да кажеме. Сега организаторот е во затвор“, рече тимот на Обвинителството за организиран криминал и корпуција за едно од убиствата.

Друг мотив за убиства биле поради елиминација, односно омраза поради претходно пукање каде не бил убиен само таргетот, туку и негов сопатник, а се случило во Топанско поле. Една жртва е убиена и само поради тоа што кажал пцовки кон фамилијата на организаторот на ликвидацијата. Докази се обезбедени и за уште едно извршено убиство, каде нарачателот сметал дека убиениот учествувал во претходно пукање, каде негов близок бил повреден.

— реклама —

Најстарото убиство е во 2014 година. Групата „Беланоца-Барон“ се гони за четири убиства, а пак втората, за три убиства. Дел од плановите за ликвидациите биле правени од затворските установи, а ги извршувале лица од слобода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања