Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Девојче од 19 години прегазено во Скопје, однесено во болница со тешки повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5
Илустрација

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, околу 20 часот, во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.

— реклама —

Според пријавата, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (25) од Скопје, удрило во пешакот А.И. (19) од селото Арачиново, скопско. Во несреќата 19-годишната пешачка се здобила со тешки телесни повреди.

— реклама —
— реклама —

Повредената била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите биле констатирани од лекарска екипа.

— реклама —

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања