„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Девојка на 19 години почина од корона во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
korona5

Седум починати во изминатите 24 часа од 7 часот вчера до утринава во 7 часот бележи ковид центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка, информираше координаторот на центарот, д-р Гзим Нуредини.

— реклама —

Меѓу починатите покрај 19-годишната девојка има луѓе на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.

– Починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи. Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина, рече д-р Нуредини за МИА.

— реклама —

 

ОБНОВЕНО:

tetovoold

Нема деветнаесет годишно девојче починато во Тетово, направен е превид поради грешен матичен број

Превид е дека има 19-годишно девојче помеѓу седумте починати во Тетово. Координаторот на тамошнта болница, Гзим Нуредини ја корегираше информацијата и посочи дека станува збор за 59-годишна жена. Грешкјата настанала поради погрешно впишан матичен број во документацијата. Жената имала и претходни заболувања.Останатите починати се на возраст од 43, 57, 51, 60, 67, 73 и 76 години.

Македонија | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања