Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Девојка нападната од манијак: ја следел од маркет до трговски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
policija-rekord-avtobus

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна девојка, односно кривично дело од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 14 јануари девојката влегла во трговски центар и додека плаќала на една од касите ја забележал осомничениот кој пазарел во истата продавница. Ја следел извесно време додека девојката влегла во зграда во близина на трговскиот центар. Во влезот ја нападнал и започнал да ја допира. Жртвата се спротивставила и почнала да вика, по што осомничениот ја ослободил и избегал. Полицијата го пронашла и го лишила од слобода неколку дена подоцна.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, обврска осомничениот да се јавува кај определено службено лице во судот и забрана да се приближува или да воспоставува контакти со жртвата.

— реклама —

Судот донесе решение со кое ги определи мерките за обезбедување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања