Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Девојка од Куманово која боледува од ретка болест на кожата, в четврток мора да замине на операција, потребна е финансиска помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
donacii

ИТНО! Луѓе, тука сме потребни во следните 2 дена! Девојка од Куманово која боледува од ретка болест на кожата, в четврток мора да замине на операција на лакт во клиника во Салцбург. Станува збор за редок вид тумор кој е последица на болеста. За операцијата и пропратните трошоци се потребни околу 2.000 евра што треба да се соберат во следните три дена. Ситуацијата е многу специфична, девојката лично ја знам и со години ја молам да ја објавиме во медиумите за да и помогнеме колку се може. Не се согласува од свои причини и јас тоа го почитувам. Првпат побара помош, зошто повеќе не може финансиски да издржи. Ќе ја објавам сметката од мајката, се надевам дека компании или граѓани ќе можат да помогнат. Кој смета дека има потреба од детали, може да ме контактира во инбокс да го упатам, се вели во објава на ФБ.

— реклама —

П.С. Ве молам да ги прескокнеме муабетите за партиите, државата, здравството, Фондот...такви се какви што се и не вршат работа во моментов. Ни лајкови не вршат работа, споделувањето е покорисно. Многупати сме покажале дека сплотени заедно, како поединци, можеме многу. Се надевам дека и овојпат ќе бидеме тука едни за други. Благодарам !

— реклама —

Извор: Социјални мрежи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања