ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Девојка со редок карцином одбиена за помош од државата, вели: Македонијо, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
jana

Триесет и тригодишната Јана Арсовска од Охрид боледува од адултен неуробластом, опасен малиген тумор, од кој заболува само едно во десет милиони луѓе. Се работи за агресивен канцер, кој после година дена повторно ѝ се врати. Јана Арсовска на нејзиниот фејсбук-профил сподели низ што се поминала последните неколку години поради заболувањето и при тоа информираше дека била одбиена за финансиски средства за нега.

— реклама —

Еве што Јана објави на социјлната мрежа фејсбук.

-ахаха многу интересна вест ме разбуди утрово, за неверување... имав поднесено документи за нега да земам од државава на следна основа, а и ми следува:

— реклама —

2015- дијагностицирана со адултен неуробластом на 29 год. детска дијагноза, опасен малиген тумор за кого нема протокол официјален за возрасни. Примени 7 опасни хемотерапии + 10 дена строга изолација за MIBG терапија што во МК не постои + трансплантација на матични клетки (исклучително тежок период, месец дена изолација).

Потоа следуваат контроли, но се работи за агресивен канцер и после година дена болеста ми се врати. Следува: 4 циклуси нови хемо + радиотерапија (и денес имам нус појави, ужасен дерматит / изгореници на десната нога, лимфен едем и со месеци одам со штаки) + втора трансплантација на матични клетки.

Следен чекор се предлага имунотерапија, еден циклус чини околу 80 000 евра... + месеци во Германија, далеку од дома, од најблиските + панични напади + страв + пропуштам втора сезона да не ја работам поради нус појави кои не се воопшто наивни! И така, јас како човек со две трансплантации во година дена, неспособна за работа сеуште, што чекам резултати од биопсија во страв да не биде коскената срцевина уништена од ударно зрачење, МЕ ОДБИВААТ ЗА НЕГА! Мене, што 4 години од животов ги поминувам во болници. Не се жалам за тоа, таков пат ми одредил Бог и тој ќе ми даде сила за напред. Ќе водам јас уште многу тури, но сега, во овој момент за прв пат ВИСТИНСКИ чувствувам потреба да си заминам од тука. Македонијо,моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам. Амбициозна сум, зборам неколку странски јазици, вредна... само да оздравам и би сакала да заминам во некоја друга земја, можеби поправедна! Барем се надевам!!!

Ве сакам другарчиња, нека Бог ве чува сите, па и мене <3

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања