Промени тема
Контакт

Дигитална мапа за појасите на трска долж охридското крајбрежје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Screenshot-2023-01-11-133032

Во текот на месец декември 2022 годинава, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина‐ Регионален зелен центар Охрид, ја спроведуваше активноста Изработка на дигитална мапа во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

— реклама —

Се работи за дигитална интерактивна мапа на која се одбележани појасите на трска на крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од с. Подмоље до манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид). Со клик на секој од појасите се појавува легенда за истиот која содржи информации добиени од теренските истражувања кои се спроведоа во летниот период (должина и ширина на појасот, вкупна површина и споредба на површината во однос на претходни постари мерења, слики и кратки информативно- едукативни видеа)..

— реклама —
— реклама —

До мапата може да се пристапи преку следниот линк: https://rzc-ohrid.com/?page_id=1064

— реклама —

Целта на оваа активност е промоција на природното наследство и подигнување на јавната свест за значењето и потребата од правилно управување со трската во Охридското Езеро. Од аспект на едукативен карактер, мапата ќе служи како помагало во образовниот процес во основните училишта, со цел учениците да развијат поголема свест за животната средина и конкретно за трската, а од аспект на информативен карактер, ќе служат да ја доловат на јавноста вклучувајќи ги и туристите, реалната состојбата во која што се наоѓа трската како и потребата од превземање соодветни мерки. Во иднина преку овој проект, предвидени се три состаноци при формирањето на управувачко тело- Форум, од кои еден е планиран во јануари, а другите два во првата половина од февруари. Целта на планираните состаноци е формирање на управувачко тело- Форум кој ќе дејствува константо за подобро управување со трската и преземање методи за заштита на истата, дискусија за веќе оформените ставки во однос на подготовка на извештајот за моменталната состојба на трската и предлог-иницијативата за измена на законот за степенот на заштита на трската.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања