Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Дијана Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ е нов претседател на Советот на Општина Гази Баба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
255334270_130517202682690_2644861916964855159_n

Денес во просториите на Општина Гази Баба се оддржа конститутивна седница на Советот на Општина Гази Баба на која за претседател на Советот е избрана Дијана Илиевска од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

— реклама —

На конститутивната седница се обрати и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски кој во своето обраќање истакна:

"Неодамна се одбележаа 45 години од формирањето на Општина Гази Баба. Во моето обраќање на свечената академија порачав дека е време за нов почеток и повикав на заедничко обединување. Новиот почеток, обединувањето и подавањето рака е насочено кон секој советник во Советот на Општина Гази Баба. Ве повикувам да ги надминеме сите разлики кои постојат и заедно да ја менуваме Општина Гази Баба на подобро. Во оваа прилика сакам да најавам дека оваа година Општина Гази Баба ќе спроведе нов концепт на пишување на буџетот на општината. Новиот концепт значи граѓаните на Општина Гази Баба да го имаат последниот збор за тоа како и за што ќе се трошат нивните пари, бидејќи буџетот го полнат граѓаните".

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања