Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ДИК денеска извлекува редослед на листите за Локалните избори 2025

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
FotoJet-41

Државната изборна комисија денеска напладне ќе ја одржи жрепката со која ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за претстојните Локални избори 2025. Истовремено, на седницата закажана за 13 часот ќе се спроведе и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за изборната кампања.

— реклама —

Според изборниот календар, кампањата започнува во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на гласање. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.

Во изборната трка ќе се вклучат речиси сите поголеми партии, коалиции и независни кандидати. До вчера во ДИК беа потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, како и 558 листи за членови на советите на општините и советот на главниот град.

— реклама —

Од страна на општинските изборни комисии е пријавено дека за Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје дел од листите се уште се во постапка на отстранување неправилности – осум за градоначалници и 20 за советнички листи.

ДИК со жрепката за билборди и паноа ќе ја утврди и распределбата на рекламниот простор. Максималниот број што може да го користат учесниците во кампањата е ограничен на 50 отсто од вкупниот број паноа и билборди на територијата на секоја општина или на Град Скопје, односно кај правните лица што стопанисуваат со тој простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library417vtphriakgdyOpmJV

ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Македонија | пред 1 месец

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 1 месец

maricic

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Македонија | пред 1 месец

dik

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања